Свет Европа Стотина загинати во невреме во Мозамбик и на Мадагаскар

Стотина загинати во невреме во Мозамбик и на Мадагаскар

Повеќе од 130 лица загинаа за време на бурата што ги зафати Мозамбик и Мадагаскар.

Како што јавуваат светските медиуми, поплавите кои настанаа како последица на поројните дождови, усмртија 84 лица, од кои 64 се од централната провинција Замбези. Надојдената вода уништила 13.000 домови, а 36.000 лица се отсечени од светот и се соочуваат со недостиг од храна и од лекови.

Невремето во Мадагаскар усмрти 46 лица, а повеќе од 120.000 лица принудно ги напуштиле домовите.