Свет Стотина повредени во протестот на бразилските наставници

Стотина повредени во протестот на бразилските наставници

Повеќе од стотина лица се повредени во судирите меѓу полицијата и просветните работници кои во бразилскиот град Куритиба протестираат поради измената на пензискиот систем.

На снимките емитувани на интернет-страницата на локалниот весник „Газета де Пово“, прикажана е полицијата како испукува солзавец кон демонстрантите кои се приближуваат до зградата на парламентот на државата Парана, каде се одржуваше гласањето за имена на пензискиот систем за просветните работници.

– Зградата на градското собрание е отворена за прием на повредените во протестите. Сè потсетува на воена зона – рече градоначалникот на Куритиба, Густаво Фрует.

Без разлика на протестите, во кои се повредени повеќе од стотина луѓе, измените на државниот пензиски систем се усвоени.