Здравје Стотина мајки на протест пред владата – бараат продолжување на породилното отсуство

Стотина мајки на протест пред владата – бараат продолжување на породилното отсуство

Фото: Мета.мк

Повеќе од стотина мајки, некои од нив со своите бебиња денеска протеситраа пред Владата. Не се задоволни од одлуката на Владата да почнат на работа на 23 септември, а не да бидат на породилно отсуство до крајот на годината како што првично беше најавено.

– Бараме да се продолжи породилното отсуство бидејќи во пракса не може да се обезбеди простор во градинките за 12 деца во група, ниту пак, може да се обезбеди кадар. Како ќе се запазат протоколите, кога тие налагаат во најмалите групи, да има максимум по шест дечиња? Периодот на адаптација на бебе во градинка е речиси еден месец, додека се навикне на нови ликови, на нова храна, простор. Ако не ни ги исполнат барањата, ќе бараме средба со владини претставници да ги образложиме нашите аргументи – рече Милена Дабеска Симовска.

Фото: Мета.мк

Деновиве се потпишуваше онлајн петиција за продолжување на поридилното отсуство. Петицијата ја потпишале 3.325 лица.Надлежните се на став дека заради враќање на економските процеси во нормала, нема да се продолжи породилното отсуство, а еден од аргументите е дека градинките се отворени и нема потреба повеќе да се седи дома.