fbpx
Таг: породилно отсуство

таг: породилно отсуство

Жените – земјоделки на чекор до платено породилно отсуство

Собранието денеска ја изгласа потребата од донесување на Предлог на закон за измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување со кој се овозможува платено породилно отсуство за земјоделки, информираа од Мрежата за заштита од дискриминација. „Сите присутни пратеници гласаа ЗА, со што сметаме дека Предлогот на законот успешно ќе ја помине законодавната постапка и земјоделките конечно ќе добијат системско...

ФЗО: Системот е во функција, почнува исплатата на боледувањата, породилните и рефундациите

По хакерскиот напад на системот на Фондот за здравство, од институцијата известуваат дека речиси сите модули на Фондот се ставени во функција. Експертите по информатичка технологија ги финализирале процесите и со тоа почнала исплатата на боледувањата, породилните отсуства и рефундациите од различен вид. „Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и...

Државен завод за ревизија: ФЗО исплаќало породилно додека осигуреници примале плата

Низа пропусти при издавањето лекови, исплата на надоместок за породилно отсуство додека осигуреници земале плата, необезбедени доволно здравствени услуги за дијагностицирање ковид-19 на товар на Фондот. Ова се само дел од неправилностите кои ги утврдиле државните ревизори, а се наведени во извештајот кој денеска го објави Државниот завод за ревизија. Извештајот се однесува на финансиските извештаи на Фондот за...

Не е точно дека породилното отсуство на мајката се крати од 9 на 5 месеци

Породилното отсуство за мајката не се крати туку тоа останува исто, со тоа што се дели на 5 месеци мајчинско и 4 месеци родителско отсуство. Таткото, исто така, добива право на 4 месеци родителско отсуство. Доколку таткото одлучи родителското отсуство да го користи откако ќе заврши родителското отсуство на мајката, тоа би значело дека детето ќе  биде под родителска...

Тренчевска: Овозможуваме и таткото да се вклучи во грижата на своето дете

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска изјави дека со новините во Законот за работни односи не се кратат досегашните права во однос на породилното отсуство, туку се дава можност и таткото да се вклучи во грижата на своето дете. Таа на прес-конференција во Владата појасни дека новините се прават за да се усогласи нашата легислатива со...

Потребно е системско решение за платено породилно отсуство за жените-земјоделки

На денешната промоција на публикацијата “Индивидуалните земјоделци и нивните права – Имаат ли право на платено породилно отсуство“, преставничките на ЛАГ Агро Лидер, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Мрежата за заштита од дискриминација побараа системско решение за платено породилно отсуство за жените-земјоделки. Тие барањето го упатија до Собранието на РСМ, Министерството за здравство, Министретвото за труд и социјална политика и...

Породилното да трае 12 месеци, татковците да имаат 10 дена отсуство, предвидува новиот Закон за работни односи

Породилното отсуство на мајките можно е да изнесува 12 месеци, наместо сегашните 9 месеци, а татковците ќе имаат можност да користат 10 денови отсуство за раѓање на детето. Ова, меѓу другото, се новините во новиот текст на Закон за работни односи (ЗРО), кој е во фаза на подготовка и се очекува почетната верзија да биде готова во јуни годинава....

Стотина мајки на протест пред владата – бараат продолжување на породилното отсуство

Повеќе од стотина мајки, некои од нив со своите бебиња денеска протеситраа пред Владата. Не се задоволни од одлуката на Владата да почнат на работа на 23 септември, а не да бидат на породилно отсуство до крајот на годината како што првично беше најавено. - Бараме да се продолжи породилното отсуство бидејќи во пракса не може да се обезбеди простор...

Царовска: Поделеното родителско отсуство е важно за родовата рамноправност

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска учествуваше на панел-дискусијата „Споделено родителско отсуство–Зошто е важно, најдобри практики и искуства“ организирана од граѓанската организација „Реактор“. Тема на дебатата беа унапредување на правата на родителите, родовата еднаквост, раниот детски развој и креирање Закон за работни односи во кој што породилното отсуство што ќе го користи таткото нема да биде условено...

Исмајлоска-Старова: СДСМ се обидува да ја задуши иницијатива за породилното отсуство

„Од СДС пред две недели велеа дека од процедурални причини не можело да се продолжи породилното отсуство, но вчера стана јасно дека и за тоа излажале. Царовска и СДС очигледно се обидуваат на секој можен начин да ја задушат граѓанската иницијатива, иако во предизборниот период на големо ветуваа дека токму граѓанските иницијативи секогаш ќе ја имаат нивната поддршка“, изјави денеска...

Породилното отсуство и замениците министри во сенка на депонијата во Струга

Собранието и денеска не гласаше за именувањето на замениците министри во Владата. Пратениците, на денешното пладневно продолжение на петтата седница, водеа паралелни дискусии за иницијативата за продолжувањето на породилното отсуство и за ситуацијата со пожарот во депонијата во Струга, за која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа одржување на итна собраниска седница. Пладневниот дел од седницата продолжи во тензична атмосфера, откако претседателот...

Собранието денеска ќе ги гласа замениците министри и законот за породилно отсуство

Граѓанска иницијативата на 217 граѓани за донесување закон за изменување на Законот за работните односи, со кој породилното отсуство би се зголемило од 9 на 18 месеци, како и изборот на замениците министри, чии имиња биле доставени доцна вчера, се на дневен ред на денешната петта седница на новиот парламентарен состав. Во Собранието на Република Македонија, освен за овие две точки,...

Пратенички од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат „нов“ закон за продолжено породилно отсуство

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска - Старова денеска најави дека во Собранието заедно со нејзината партиска колешка Магдалена Манаскова, ќе поднесат измени на Законот за работни односи, со кои би се продолжило породилното отсуство. Предлог-законот е поддржан од останатите пратеници на коалицијата „За подобра Македонија“, а предложените измени се идентични на предлог-законот на граѓанската иницијатива, кој беше потпишан од...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...