Подглавна секција Стотици загинати во новите масовни бомбардирања на северот на Газа во Палестина

Стотици загинати во новите масовни бомбардирања на северот на Газа во Палестина

Појасот Газа цел на израелски воздушни напади. Фото: Снимка од видео

Израелските воени сили со авиони, хеликоптери и дронови, како и со тенкови и артилериски орудија го бомбардираат и гаѓаат северот на Појасот Газа, но копнена инвазија, засега нема, јави РТС.

Новите воздушни напади се најголемата борбена активност во најновата ескалација меѓу Израел и палестинското радикално движење Хамас.

Во претходните напади во изминатите четири дена во Појасот Газа загинаа најмалку 119 лица, велат палестинските власти, јави Би-би-си.

Во Израел, пак има осум жртви. Иако Хамас и понатаму ракетира, голем дел од ракетите се уништуваат од одбранбениот систем „Железна купола“.