Свет Стотици демонстранти ја запалија шведската амбасада во Багдад

Стотици демонстранти ја запалија шведската амбасада во Багдад

Причината за ваквите протести беше инцидентот кој го предизвика човек во Стокхолм, кој запали страници од Куранот пред главната џамија

Извор: Hasan Almasi на Unsplash

Демонстранти утрово ја запалија амбасадата на Шведска во ирачката престолнина Багдад. Стотици демонстранти кои протестирале поради палењето на Куранот, упаднале во амбасадата и запалиле дел од зградата. Според агенциите, нема повредени луѓе што биле во амбасадата.

Протестите беа дикретно провоцирани од одлуката на полицијата во шведската престолнина Стокхолм која даде дозвола за нов протест, иако организаторите наводно планирале уште едно палење на муслиманската света книга Куранот, пренесува Си-Ен-Ен.

На претходниот протест во Стокхолм, беа запалени страници од Куранот пред главната џамија, што предизвика бес и осуда низ муслиманскиот светот.

Ирачкото Министерство за надворешни работи го осуди палењето на шведската амбасада во Багдад, се вели во соопштението на Министерството.

Шиитскиот свештеник Муктада ал Садрво, беше еден од главните организатори на овие демонстрации против второто планирано палење на Куранот во Шведска, најавено за следните седмици за неколку недели.