Свет Столтенберг: Обуката на локални војници е многу поефикасна отколку употреба на сопствените...

Столтенберг: Обуката на локални војници е многу поефикасна отколку употреба на сопствените воени сили

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на вториот ден од Самитот изјави дека донесена е одлука НАТО да ги засили и своите партнери и дека треба да  помогне во градење капацитет на локално ниво.

Како што изјави Столтенберг, на долг рок обуката на локални војници е многу поефикасна отколку употреба на сопствените воени сили во борбените операции и дека тоа е една од најдобрите алати во борбата против тероризмот. Првиот тренинг ќе почне во Ирак, а потоа ќе се прошири и во Тунис, Либија и во Јордан.

Столтенберг додаде и дека НАТО-сојузниците ветија дека во следните три години ќе обезбедат 3 милијарди долари за финансирање и за обука на авганистанската војска и додаде дека присуството на 12.000 војници на НАТО и на САД ќе биде продолжено и во 2017 година.

Одлуката на членките на НАТО кои се обврзаа да учествуваат во борбата против Исламската држава ја поздрави и претседателот на САД, Барак Обама, кој напомена дека борбата против терористичките групи во Авганистан и на Блискиот Исток мора да продолжи.

Следниот самит на НАТО ќе се одржи во 2017 година во Брисел.