Свет Столтенберг: Без копнени сили против ИД

Столтенберг: Без копнени сили против ИД

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја отфрли можноста за праќање копнени сили во борба против Исламска држава во Сирија.

– Тоа прашање не е на дневен ред на коалицијата и на сојузниците на НАТО. САД имаат ограничен број специјални сили. Во прв план е зајакнување на локалните сили. Тоа не е лесна задача, но е единствена опција – рече Столтенберг за швајцарскиот весник „Тагес анцајгер“.

Тој истакна дека судирот во Сирија не е војна меѓу Западот и исламскиот свет, туку повеќе е борба против „екстремизмот и тероризмот“.