Македонија Стојановски: 237 мигранти од меѓуграничната зона со Србија се префрлени во ТЦ...

Стојановски: 237 мигранти од меѓуграничната зона со Србија се префрлени во ТЦ Табановце

Вкупно 237 мигранти од Сирија и Ирак, кои повеќе од три недели се наоѓаа во меѓуграничната зона на на Македонија и Србија, вчера се префрлиле во Транзитниот центар, соопшти денеска координаторот на Транзитниот центар „Табановце“, Горан Стојановски.

Дел од мигрантите, односно 42 изразиле желба да заминат во Тразнитниот центар „Винојуг“, по што со воз биле пренесени кон Гевгелија. Останатите се сместени во монтажни објекти и шатори во Транзиниот Центар Табановце.

Стојановски соопшти дека во Во центарот на Табановце во моментов се наоѓаат 1.038 мигранти