Свет Сто повредени во железничка несреќа во Египет

Сто повредени во железничка несреќа во Египет

Повеќе од 100 лица се повредени при удар на патнички воз во бетонски ѕид на југот на Каиро, јавуваат египетските медиуми.

Поради силниот удар, возот излетал од шините, а предниот дел на еден вагон летнал неколку метри во воздух.

Возот се движел од Асуна кон главниот град. Повеќе десетина амбулантни возила се на местото на несреќата.