Економија Ставрески: Повеќе од 2.500 фирми го откупиле земјиштето

Ставрески: Повеќе од 2.500 фирми го откупиле земјиштето

Повеќе од 2.500 фирми ја искористиле можноста за откуп на земјиштето.

Ова денеска го истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, при посетата на општина Василево.

Според Ставрески, откупот на земјиштето е многу значен за фирмите бидејќи ќе можат да го користат и како хипотека за да добијат финансиска поддршка од банките.

Проектот почна да се реализира во 2009 година.