Економија Ставрески: Македонија 14 месеци има континуиран пораст

Ставрески: Македонија 14 месеци има континуиран пораст

Високиот пораст на индустриското производство се должи на добрата даночна политика и на бизнис-климата, рече денеска во Прилеп вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, коментирајќи го податоците на Државниот завод за статистика.

– Македонската индустрија фати добар залет. Веќе 14 месеци има континуиран пораст. Последниот податок за порастот од 7,5 проценти или вкупно за 10 месеци пораст поголем од 5 проценти, покажува дека имаме добри политики – изјави Ставрески.

Министерот за финансии изрази надеж дека и во наредниот период ќе се одржи високата стапка на економски пораст и во индустријата и во другите сектори.