Економија Ставрески: 2014 година на економски план е успешна

Ставрески: 2014 година на економски план е успешна

На економски план, 2014 година е успешна, а тоа го потврдуваат последните објавени статистички податоци, кои бележат намалување на невработеноста и пораст на македонската економија, изјави денеска вицепремиерот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, пренесуваат медиумите.

– Невработеноста е намалена на историски најниско ниво од 27,9 отсто, а македонскиот БДП расте со стапка од 4,1 отсто што е меѓу трите највисоки во Европа. Во услови кога во европската економија имаме стагнација, ова е исклучително добар резултат и потврда дека економските политики се добро поставени. Пред сè, мислам на поддршката што македонското стопанство ја добива од Буџетот за реализација на крупни инфраструктурни проекти, со што
градежништвото и индустријата можеа да остварат добри економски резултати, како и поддршката од кредитната линија што ја обезбедивме со субвенционирана камата од 5,5 отсто, од која средства користат стотици македонски фирми што им помогна да остварат добри резултати и, трето, тоа е работењето на странските компании во слободните индустриски зони – изјави Ставрески.