Македонија Ставен под контрола пожарот во Струшко

Ставен под контрола пожарот во Струшко

Пожарот што избувна вчера на потегот помеѓу селата Делогожда и Поум во Струга е ставен под контрола, извести МВР.

Според информациите од терен, пожарот е локализиран и не претставува опасност за животот и за имотот на месното население. Од Противпожарната единица од Струга информираат дека до 14.20 часот пожарот бил гаснат со сите расположливи средства, а биле вклучени и авиони. Нивните екипи и понатаму ќе вршат опсервација на теренот.

Пожарот беше забележан вчера околу 16.10 часот, а беше зафатена нискостеблеста, дабова и букова шума.