Свет Балкан Статакис: Можен е договор со меѓународните кредитори до крајот на месецов

Статакис: Можен е договор со меѓународните кредитори до крајот на месецов

Атина и меѓународните кредитори би можеле да постигнат договор до крајот на февруари, изјави грчкиот министер за економија, Јоргос Статакис, во интервју за телевизијата „Мега“.

Според Статакис, договорот би се однесувал на „програма за премостување“, која, пак, за три месеци ќе доведе до нов договор со кредиторите.

Статакис оцени дека „по 1 јули нема да има потреба од програмата“, но дека, пред сè, треба да се обезбеди договор со Брисел за следните економски чекори.