Свет Европа Стапката на невработеност во Шпанија, најниска во последните седум години

Стапката на невработеност во Шпанија, најниска во последните седум години

Стапката на невработеност во Шпанија на крајот од 2016 година паднала на 18,6 отсто, што е најниско ниво во последните седум години, соопшти денеска Националниот институт за статистика.

Бројот на невработените во последното тримесечје е намален за 83.000, на 4,2 милиони луѓе.

Во соопштението се наведува дека стапката на невработеност во текот на годината опаднала за 2,3 отсто. Шпанија, сепак, останува на второ место според бројот на невработени во Европска Унија, по Грција.

Невработеноста во Шпанија била на највисоко ниво по финансиската криза од 2013 година, кога 27 отсто од луѓето беа без работа.

Конзервативната влада на Маријано Рахој ја намали невработеноста и го постави економскиот пораст за свој приоритет, кога беше формирана во 2011 година.