Свет Европа Стаклен ѕид отпорен на куршуми ќе се гради околу Ајфелова кула

Стаклен ѕид отпорен на куршуми ќе се гради околу Ајфелова кула

Ајфелова кула во Париз ќе биде обезбедена со стаклен заштитен ѕид, а ќе се гради според проект на австрискиот архитект Дитмар Фајхтингер.

Изградбата, според пишувањата на австрискиот весник „Стандард“, треба да почне денеска, а ќе треа половина година и ќе чини 20 милиони евра. Зад ѕидот планирана е изградба на бетонски столбови кои треба да спречат напади со камиони.

Фајхтингер изјави дека ќе се обиде обезбедувањето на Ајфелова кула да го направи што е можно подискретно.

„Избравме непробојно стакло со дебелина од 70 сантиметри, за да се овозможи отворен поглед“, изјави тој.