Свет Балкан Српската војска останува во состојба на борбена готовност

Српската војска останува во состојба на борбена готовност

Кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ соопшти дека вооружените сили на Република Србија остануваат на највисоко ниво на борбена готовност до понатамошно известување

Фото: Овицијален Фејсбук профил на Александар Вучиќ

Во врска со вчерашните случувања на Косово денес во Белград се одржа седница на Советот за национална безбедност. На состанокот беа договорени сите неопходни безбедносни активности со цел зајакнување на одбранбените капацитети на Република Србија, пренесе Н1.

Кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ соопшти дека вооружените сили на Република Србија остануваат на највисоко ниво на борбена готовност до понатамошно известување.

На седницата беше нагласено дека КФОР/НАТО не ја извршил својата работа согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и Воено-техничкиот договор од Куманово.

Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, генерал Милан Мојсиловиќ, е овластен да одржува директен контакт со командантот на КФОР, во обид да се осигура дека КФОР/НАТО ги исполнува својата функција и мандат, во согласност со релевантните акти на ОН.

Мирно е утрово на северот на Косово