Главна секција „Српскиот“ на Канческа-Милевска ги запали социјалните мрежи

„Српскиот“ на Канческа-Милевска ги запали социјалните мрежи

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во изјава за „Радио телевизија Србија“ по повод 15. Биенале на архитектурата во Венеција, зборува на српски јазик, што предизвика смеа и коментари на социјалните мрежи.

Од Министерството за култура ни рекоа дека министерката нема да реагира во врска со коментарите што денеска ги преплавија „Фејсбук“ и „Твитер“.