Македонија Српската амбасадорка во Македонија била повикана на разговор во МНР

Српската амбасадорка во Македонија била повикана на разговор во МНР

Амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак Томиќ денеска била повикана на разговор во Министерство за надворешни работи (МНР) за да го објасни присуството на српскиот разузнавач и нејзин советник Горан Живаљевиќ во Собранието за време на инцидентите на 27 април, објави веб-порталот „мкд.мк“.

Според информациите од МНР, најверојатно амбасадорката ќе отиде на разговор утре.

„Македонија во овој случај ќе се однесува согласно Виенската конвенција, а тоа значи дека овој случај може да резултитра и со протерување од земјата на српскиот дипломат“, изјавиле од МНР.