Македонија „Средношколски пленум“: Екстерното тестирање има голем број нерегуларности

„Средношколски пленум“: Екстерното тестирање има голем број нерегуларности

Екстерното тестирање има голем број нерегуларности и технички пропусти, а поради тоа учениците ќе бидат оштетени и деградирани, велат од „Средношколски пленум“.

– Четврти ден како една од најлошите реформи во образованието во Македонија се спроведува и оваа година. Голем број нерегуларности, нелогичности, технички пропусти го следат овој процес и оваа година, за што до „Средношколски пленум“ се пристигнати поплаки од голем број средношколци. На пример, има прашање на албански јазик, а одговори дадени на македонски јазик или има прашање на албански јазик и еден одговор на англиски јазик, а други одговори немаме. Сакаме да го прашаме министерот Адеми дали екстерното тестирање треба вака да изгледа и дали е ова тоа екстерното тестирање што тој ни го ветуваше нам, средношколците, и на целокупната јавност во Македонија. Она екстерно тестирање на кое нема да има нерегуларности и технички пропусти. Дали не му е малку срам дека поради некои грешки од министерството, учениците ќе бидат оштетени и деградирани – вели Александар Милески од „Средношколски пленум“.

Од „Средношколски пленум“ велат дека на екстерното тестирање има прашање на албански јазик со одговори дадени на македонски јазик.

Од пленумот велат дека иако откако е почнато тестирањето до нив се поднесени голем број приговори, тие очекуваат дека откако ќе бидат објавени резултатите да добијат зголемен број поплаки.