Главна секција Средбата со Хан трае, новинарите по шест часа на дождот, ја „освоија“...

Средбата со Хан трае, новинарите по шест часа на дождот, ја „освоија“ гаражата и добија греалки

Повеќе од шест часа трае лидерската средба на еврокомесарот Јоханес Хан и на претставници на меѓународната заедница со лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино.

Од средбата, која се одржува во резиденцијата на Европската унија во Пржино, сè уште нема никакви информации.

За новинарите, по неколку часа чекање надвор, пред резиденцијата, и работа во лоши услови, без тоалет и на дожд, покриени само со чадори, вработените во резиденцијата ја отворија гаражата, за да можат претставниците на „седмата сила“ да влезат и да се стоплат.

Новинарите во гаражата ги посети и евроамбасадорот Аиво Орав.

Соседите на резиденцијата, во текот на денот ги послужија новинарите со варено вино, а вработените во резиденцијата донесоа и две гасни греалки „печурки“, но тие не работеа.

Нема информации до кога ќе трае средбата.