Македонија Средба на министерот Тошковски со амбасадорката на Украина Лариса Дир

Средба на министерот Тошковски со амбасадорката на Украина Лариса Дир

Двете страни изразија задоволство од соработката, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, особено во делот на осовременување на капацитети, како и размената на информации и сознанија преку Интерпол

Фото: МВР

Миниистерот за внатрешни работи Тошковски денеска оствари средба со амбасадорката на Украина Н.Е. Амбасадорката на Украина. Тој изрази надеж дека соработката помеѓу двете министерства ќе се зголеми во наредниот период. Меѓу другото беше побарано да се зајакне билатералната соработка  во делот на кризниот менаџмент.

Амбасадорката се заблагодари за заштитата која ја има понудено државата на украинските граѓани кои се под привремена заштита од војната. Министерот Тошковски изрази уверување дека привремената заштита ќе продолжи, најавувајќи поголема соработка помеѓу двете министерства преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка.

На средбата двете страни изразија задоволство од долгогодишната одлична соработка, со акцент на партнерството помеѓу двете министерства, особено во делот на осовременување на капацитетите, како и размената на информации и сознанија преку Интерпол.