Свет Балкан Србија и Фронтекс ја парафираа спогодбата за заштита на надворешните граници на...

Србија и Фронтекс ја парафираа спогодбата за заштита на надворешните граници на ЕУ

Србија денеска ја парафираше спогодбата со Европската агенција за гранична и крајбрежна заштита (Фронтекс) за унапредување на безбедноста на надворешните граници на ЕУ, како и за управување со миграциите. Потпис на спогодбата ставија министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ и европскиот комесар за внатрешни прашања и миграции Димитрис Аврамопулос.

Аврамопулос објасни дека спогодбата ќе му овозможи на Фронтекс да спроведува гранични проверки на територијата на Србија и ќе дава поддршка при спроведувањето гранична контрола, но нема да презема задачи или надлежности од српските сили.

Стефановиќ појасни дека Србија е вистински посветена на спротивставување на сите облици на криминал и дека за државата е важно во соработка со сите меѓународни партнери да стори се што е потребно за нејзините граѓани да бидат безбедни. Спогодбата треба да биде ратификувана во српскиот парламент за да стапи на сила.