Свет Балкан Србија ги запре автобускиот и железничкиот сообраќај кон Хрватска

Србија ги запре автобускиот и железничкиот сообраќај кон Хрватска

Редовните автобуски и железнички линии од Белград за Хрватска утринава се откажани, јавуваат српските медиуми.

Од „Српски железници“ соопштија дека возот кој бил најавен за 11.03 часот бил откажан, а вечерва нема да тргне ниту возот во 21.30 часот.

Авиосообраќајот меѓу Србија и Хрватска се одвива без прекин, а патниците од Беград кои имаат српски пасоши без проблеми допатувале во Загреб, потврдија од компанијата „Ер Србија“.