Свет Балкан Србија доби 11 услови за преговори со ЕУ

Србија доби 11 услови за преговори со ЕУ

Единаесет услови за отворање на преговорачките поглавја и за продолжување на преговорите со Европска Унија, Берлин ѝ испратил на Србија, но, според српските медиуми, тие за Белград се речиси невозможни за исполнување поради тоа што го засегаат статусот на Косово и  ја поддржуваат неговата независност.

Меѓу нив се прифаќањето на статусот на Сојузот на српски општини во согласност со косовските закони, учество на Приштина во сите регионални форуми, прифаќање на косовските пасоши на границата со Србија и изградба на квалитетни згради на граничните премини.