Свет Балкан Србија денеска бира нов претседател, но и парламент и градоначалници

Србија денеска бира нов претседател, но и парламент и градоначалници

Во Србија утрово се отворија гласачките места за парламентарните, претседателските и локалните избори во 14 градови и општини, јавува агенцијата Танјуг. Право на глас на парламентарните и претседателските избори имаат 6.502.307 гласачи, кои можат да гласаат на 8.255 избирачки места.

Тие денеска до затворање на гласачките места во 20 часот ќе одлучуваат меѓу 19 пратенички изборни листи, како и меѓу осум кандидати за претседателската функција.

Нови советници ќе добијат и 14 локални самоуправи, меѓу кои и главниот град Белград. Во Белград право на глас имаат 1.600.463 гласачи, кои своето право ќе можат да го искористат на 1.170 избирачки места.