Подглавна секција „Спутник“ ги плаши Бугарите дека Македонија има територијални претензии 

„Спутник“ ги плаши Бугарите дека Македонија има територијални претензии 

Подигање на НАТО знамето пред Владата | Фото: Борче Поповски

Новинската агенција „Спутник“ (Србија) вчера излезе со спектакуларен наслов: Бугарски политичар: Прашање на денови е кога Македонија ќе побара дел од Бугарија“ (Bugarski političarPitanje dana kada će Makedonija da zatraži deo Bugarske). Самата насловна конструкција испраќа порака дека Македонија има територијални претензии кон Бугарија, што е навистина смешно. Тоа едноставно нема никаква допирна точка со вистината и со македонската политика за градење и негување на добрососедските односи. 

И не само насловот, туку текстот во целина  е тенденциозен и ја држи таа линија дека Македонците се опасни  и Бугарите треба да се плашат од „апетитите“ на  нивниот помал сосед!   

Интересно е што оваа приказна  е градена исклучиво врз основа на изјавата на еден маргинален бугарски политичар Румен Пектовлидерот на партијата Алтернатива за бугарска преродба (АБВ)чие влијание во политичкиот и воопшто во јавниот живот во Бугарија е никакво 

Несомнено тоа ѝ е познато и на српската експозитура на агенцијата „Спутник“,  ама веројатно, сакајќи да креира случај онаму каде што го нема, намерно ѝ се дава посебна специфична тежина на изјавата на Петков.  

Освен „Спутник“, закана од Македонија кон Бугарија видоа  уште десетина други српски медиуми, но и од Република Српска,  Босна и Херцеговина  кои се налепија на заговорничкото сценарио на Петков  и ја пласираа ваквата дезинформација. Со речиси идентични сензационалистички наслови како оној на „Спутник“, меѓу другите,  излегоа „Б92“, „Танјуг“, „Дневник“ , Информер“, „Србија данас“…