Свет Европа Спречен терористички напад во Брисел

Спречен терористички напад во Брисел

Белгиската полиција спречи терористички напад, апсејќи лице кое на себе имало појас со експлозив, јавија белгиските медиуми.

Бриселските власти информираа дека мажот е уапсен во центарот на Брисел, а полицијата поради дојава за поставена бомба претходно го евакуирала трговскиот центар „Сити 2“ и го блокирала целиот регион.

За време на блокадата затворени беа сите булевари и метро-станицата Рожије.

Белгискиот премиер Шарл Мишел го прекина интервјуто во живо за телевизијата РТЛ поради, како што изјави, „многу сериозната ситуацијата“ и свика вонредна седница на Кризниот центар, која е во тек.