Свет Свет Спречен голем терористички напад во Тунис

Спречен голем терористички напад во Тунис

Властите во Тунис уапсија 17 исламистички милитанти и спречија голем напад на хотели и врз силите на безбедност, кои биле планирани за овој месец.

– Спречивме голем напад планиран за овој месец, во кој терористите целеа хотели, центри на безбедносните сили и политичари. Целта е да предизвикаат хаос во државата – изјави шефот на службата во министерството за внатрешни работи, Рафик Чели.

Тој изјави дека некои од тие милитанти ја поминале обуката во Либија и во Сирија и дека чекале наредба за да го извршат нападот.

Џихадистичката Исламска држава презеде одговорност за два напади во Тунис годинава.