Македонија Специјалното обвинителство го презело предметот за убиството на Мартин Нешковски

Специјалното обвинителство го презело предметот за убиството на Мартин Нешковски

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска соопшти дека ја презела надлежноста и за случајот со убиството на Матин Нешковски.

Таа потврди и дека обвинители на нејзиниот тим утре во Основниот суд Скопје 1 ќе напрват увид и во другите материјали од случајот „Пуч“, кои не ги добиле од обвинителството што претходно постапуваше по нив.

На новинарско прашање дали ќе го преземе и случајот за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, Јанева одговори дека сите случаи за кои од неа било побарано да ги земе во своја надлежност се во фаза на разгледување.

– Сите случаи се предмет на разгледување. Кога ќе има конкретни информации за нив, ќе бидете известени – изјави Јанева.