Македонија Спасовски: Наместо амнестија, повеќе затвори

Спасовски: Наместо амнестија, повеќе затвори

Спасовски, денеска посочи дека минатите искуства со ваквите промени покажале дека осудениците, особено за разбојништва и тешки кражби, најчесто ги повторуваат делата и брзо се враќаат во затвор

Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека законот за амнестија се носи во несоодветен момент, како и дека со опфатот што е најавен нема да допринесе значително за да се намали притисокот на казнено-управните установи. Наместо тоа тој предлага зголемување и подобрување на капацитетите на казнено поправните институции.

Спасовски, денеска посочи дека минатите искуства со ваквите промени покажале дека осудениците, особено за разбојништва и тешки кражби, најчесто ги повторуваат делата и брзо се враќаат во затвор

„Секогаш укажуваме на тоа дека лицата кои сториле кривични дела, пред сè, разбојништва и тешки кражби претставуваат уште еден товар за безбедносната состојба. Ако ги погледнеме минатите закони за амнестија ќе видите дека најголемиот дел од тие лица за два до три месеци повторно се враќаат назад заради тоа што имаат повторно кривични дела со кои ние секојдневно се справуваме“, рече Спасовски.