Македонија Спасовски-Баздникин: Проектите од взаемен интерес со Русија ќе продолжат

Спасовски-Баздникин: Проектите од взаемен интерес со Русија ќе продолжат

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја, Сергеј Баздникин.

„На средбата, Спасовски на Баздникин му предаде писмо со честитки до новоизбраниот премиер на Руската Федерација, Михаил Машустин.Спасовски изрази уверување дека двете влади ќе продолжат да соработуваат на натамошно унапредување на односите и продлабочување на соработката меѓу Македонија и Русија, во сите области од заемен интерес“, се вели во соопштението од Влада.

Спасовски истакнал дека преодната Влада на нашата земја ги има сите овластувања да обезбеди континуитет на политиките и процесите од интерес на земјата и граѓаните, меѓу кои свое место има и продлабочување на соработката со Руската Федарација.

„Сите отпочнати процеси на дипломатиите на двете земји, особено проектите од взаемен интерес иницирани од Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка ќе продолжат да се реализираат согласно договорените планови и динамика“, се додава во соопштението.