Македонија Спасовски: Ќе се казнуваат оние кои ќе допатуваат од странство, а нема...

Спасовски: Ќе се казнуваат оние кои ќе допатуваат од странство, а нема да се самоизолираат

Фото: Арбнора Мехмети

Техничкиот премиер Оливер Спасовски испрати апел до сите граѓани, особено до оние кои патуваат кон Македонија, сериозно да ги следат упатствата и препораките на надлежните, да бидат на висината на својата лична одговорност.

„Апелирам до граѓаните, кога ќе пристигнат на граница да кажат точно од каде патуваат и потоа да одат во самоизолација 14 дена. На петте гранични премини кои останаа отворени се потпишуваат изјави од страна на граѓаните дека ќе останат во самоизолација. Затоа апелирам до нив и до нивните семејства да го почитуваат ова. Секој што мора да биде во самоизолација мора тоа да го направи. Имаме полициски службеници кои ги следат постапките на таквите граѓани и предвидени се најстроги санкции за сите кои не се ставаат во самоизолација откако ќе допатуваат во државата. Уште еднаш ќе искажам огромна благодарност до полицијата, армијата, лекарите, медицинскиот персонал- тие деноноќно посветуваат време и знаење да ни помогнат,“ порача Спасовски.