Економија Спасов: Преку „Македонија вработува“ се вработија 15.200 лица

Спасов: Преку „Македонија вработува“ се вработија 15.200 лица

Преку проектот „Македонија вработува“ се вработени 15.200 лица, информираше заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Преку ослободување од трошоци и субвенции од државата, според Спасов, компаниите заштедиле од 27 до 37 отсто од средствата.

Поволностите од овој проект, кој завршува на 15 април, ги искористиле 8.400 компании.