Свет Спасено 15-годишно момче од урнатините во Катманду

Спасено 15-годишно момче од урнатините во Катманду

Петнаесетгодишно момче денеска е извлечено живо од урнатините на една зграда во Катманду, пет дена по разорниот земјотрес во Непал, соопшти полицијата.

Тој е последниот преживеан во урнатините на една зграда, а пред него во вторникот непалските и француските спасувачи спасија 28-годишен маж од урантините на хотел.

Потресот со магнитуда од 7,9 степени според Рихтеровата скала уништи бројни села во оддалечените зони, до кои спасувачите не можеле да стигнат. Според последните податоци, загинаа повеќе од 5.000 лица. Се стравува дека бројот ќе биде поголем.