Подглавна секција Советот за безбедност на ОН го осуди убиството на палестинско-американскa новинарката Ширин...

Советот за безбедност на ОН го осуди убиството на палестинско-американскa новинарката Ширин Абу Аклех

Фото: UN Photo/Loey Felipe

Советот за безбедност на Обединетите нации остро го осуди убиството на палестинско-американската новинарка Ширин Абу Аклех кое се случи на 11 мај, како и ранувањето на уште еден новинар во Џенин на Западниот Брег, пренесе Аспошиејтед Прес.

Советот вчера вечер едногласно усвои декларација која беше на дневен ред на предлог на САД.

Норвешката амбасадорка во ОН, Мона Јул изрази посебна загиженост поради зголемениот тренд на напади врз медиумите, а особено врз новинарките.

Во документот, кој беше прегледан од агенцијата АП, се бара „итна, темелна, транспарентна и непристрасна истрага“ за убиството.

Абу Аклех ( 51), беше застрелана во средата додека известуваше за израелската воена операција во Џенин на окупираниот Западен Брег.

Телевизиската мрежа Ал Џазира и палестинските власти го обвинуваат Израел, тврдејќи дека војниците целно стрелале во новинарката. Палестинската управа има намера да спроведе сопствена истрага и да го изведе случајот пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Од друга страна, Израел нуди заедничка истрага, тврдејќи дека само форензичко вештачење на проектилот може да открие кој пукал по што палестинската страна го одби барањето на Израел за заедничка истрага и одби да го предаде смртоносниот куршум.