Економија Советот на странски инвеститори ќе ги претстави проекциите за економија

Советот на странски инвеститори ќе ги претстави проекциите за економија

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија ќе ги презентира последните извештаи за економските резултати и проекции за развој на македонската економија од претставниците од странските институции во земјава.

Ќе зборуваат претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер, претставникот на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје, Патрик Житон, и претставникот од канцеларијата на Светската банка во Скопје, Бојан Шимбов.