Свет Советот на Европа бара објаснување од Орбан

Советот на Европа бара објаснување од Орбан

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, денеска соопшти дека побарал објаснување од Унгарија за законот што беше усвоен минатата недела поради бегалската криза.

– Му пишав на премиерот Виктор Орбан за да добијам објаснување за новите регулативи – рече Јагланд.

Унгарија вчера ја затвори својата граница со Србија за да го спречи големиот наплив на мигранти.

Будимпешта усвои закон со кој, меѓу другото, се овозможува воведување кризна состојба поради масовната миграција.