Македонија Советниците во Општина Штип гласале за распишување референдум за мигрантите

Советниците во Општина Штип гласале за распишување референдум за мигрантите

Советот на Oпштина Штип, со 13 гласа „за“, денеска изгласал да почне постапка за распишување референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат за „Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година“.

Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гласале „за“, а советниците од СДСМ пред гласањето ја напуштиле салата.

Граѓанската иницијатива „Будење“ од Штип до Советот на Општината приложила 356 потписи од граѓани кои ја поддржуваат иницијативата за референдум.

Денеска и Советот на Општина Кавадарци гласал против населување мигранти во нивниот град, а воедно Советот ја усвоил одлуката за распишување референдум.