Македонија Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Вевчани поднесоа колективна оставка

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Вевчани поднесоа колективна оставка

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесоа колективна оставка од своите функции во Советот на Општина Вевчани, во знак на протест против, како што велат, „политиката и начинот на владеењето на СДСМ, како и во знак на поддршка на нивниот сопартиец во Собранието, Крсто Мукоски.“

– Во знак на револт и протест од начинот на владеење на оваа гарнитура предводена од СДСМ, како и последните политички хајки што ги спроведуваат врз невини граѓани и во знак на солидарност со сите жртви на овој тоталитарен режим, денеска како советници поднесуваме неотповикливи оставки и ги враќаме мандатите што ги добивме од граѓаните на Општина Вевчани – изјави советникот на ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани, Јовица Лешоски.

ВМРО-ДПМНЕ има четири советнички места во општинскиот совет и сите четворица советници ќе ја бојкотираат неговата работа.