Економија Состојбите во економијата се подобруваат, има оптимизам кај фирмите, велат од Комората

Состојбите во економијата се подобруваат, има оптимизам кај фирмите, велат од Комората

Падот на индустриското производство во август за 5,3 проценти во однос на истиот месец лани не е загртижувачки податок, бидејќи состојбата со производството се следи кумулативно, одговори на новинарско прашање директорката на дирекција во Стопанска комора на Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ.

Според неа, падот на индустриското производство за осум месеци е незначително мал во однос на истиот период лани.

– Рударството е важен сектор и таму падот е незначително мал. Производство на облека има кумулативен пад од 17 проценти, но тоа не е веродостоен податок бидејќи реалноста е сосема поинаква. Постои оптимизам кај компаниите, состојбите се подобруваат и очекуваме позитивни трендови – додаде Пеева-Ѓуриќ.