Свет Свет Состојбата во повеќето најсиромашни земји и натаму не се подобрува

Состојбата во повеќето најсиромашни земји и натаму не се подобрува

„Милениумските цели“, кои што ОН ги дефинираа во 2000 година, имаат за цел смалување на екстрeмната сиромаштија и гладот во светот до крајот на 2015 година

Поголемиот дел од 48-те најсиромашни земји во светот не успеале да ги достигнат „милениумските цели“ за развој и покрај големиот пораст, оценето е во извештајот на Обединетите нации(ОН), објавен денеска во Женева.

„Милениумските цели“, што ОН ги дефинираа во 2000 година, имаат цел смалување на екстрeмната сиромаштија и на гладот во светот до крајот на 2015 година.

Според годишниот извештај на Конференцијата на ОН за трговија и развој, само една земја, Лаос, би можела да ги исполни сите седум критериуми на „милениумските цели“, а четири земји, Етиопија, Малави, Руанда и Уганда, треба да ги достигнат поголемиот број цели.

– Помеѓу 2002 и 2008 година економскиот пораст во помалку развиените земји беше над целта на меѓународната заедница и изнесуваше 7 отсто, а по финансиската криза во 2008 година, овие земји имаа поголем пораст од другите земји во развој, со средна стапка од 5,7 отсто годишно – изјавил генералниот директор на Конференцијата на ОН за трговија и развој, Мукиша Кутији.

Тој изразил жалење што овие земји, и покрај добрите резултати, сепак не успеале во доволна мера да ја намалат сиромаштијата и оценил дека станува збор за „парадокс“.