Економија Состојбите во преработувачката индустрија се поволни, но има недостиг на работници

Состојбите во преработувачката индустрија се поволни, но има недостиг на работници

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во преработувачката индустрија во октомври 2019, во однос на претходниот месец е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на септември 2019 година, објави Државниот завод за статистика.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на октомври 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2019 година изнесува 69,7 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 23 проценти, недоволната странска побарувачка со 17,5 проценти, недоволната домашна побарувачка со 14,7 проценти и неизвесното економско опкружување со 12,2 проценти.