Свет Свет Состанок на претставниците на Русија и на Слободна сириска војска

Состанок на претставниците на Русија и на Слободна сириска војска

Делегација на Слободна сириска војска се согласи до крајот на следната недела во Абу Даби да се сретне со претставници на руските министерства за надворешни работи и за одбрана, јавија руските медиуми.

Кон крајот на октомври, од Слободна сириска војска, која е лабава коалиција на бунтовничките групи, демантираа дека ја посетиле Москва. Координаторот на тие разговори, Махмуд ел Афанди, претставници на 28 бригади од предградијата на Дамаск, Кунеитра, Хама, западните предградија на Хомс, како и од северниот фронт и од предградијата на Алепо и на Идлиб, се согласиле на состанок со руските претставници.

Заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Михаил Богданов, во вторникот соопшти дека следната недела Кремљ ќе ги повика претставниците на двете страни на состанок во Москва. Тој додаде дека на состанокот треба да се разговара за формирање заеднички оперативен центар за борба против Исламска држава и фронтот Ал Нусра, како и за наоѓање политичко решение.