Свет Европа Состанок на НАТО поради повредата на турскиот воздушен простор

Состанок на НАТО поради повредата на турскиот воздушен простор

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО, на состанок во Брисел ќе разговараат за воениот ангажман на Русија во сириските судири.

Состанокот е свикан откако Турција предупреди дека руски воени авиони продреле во нејзиниот воздушен простор и се очекува другите членки на Алијансата да ја изразат својата солидарност со Анкара.

На состанокот ќе стане збор и за зголемената загриженост меѓу балтичките држави поради вклучувањето на Русија во кризата на истокот на Украина.

Се очекува и британскиот министер за одбрана, Мајкл Фелон, да објави дека Велика Британија е подготвена долгорочно да ги стационира своите војници во балтичките републики.