Свет Европа Состанок на министрите на ЕУ поради нападите во Брисел

Состанок на министрите на ЕУ поради нападите во Брисел

Министрите за правда и за внатрешни работи на Европската Унија денеска ќе одржат вонреден состанок во Брисел, по серијата бомбашки напади во градот, јавуваат холандски извори.

Министерот за правда на Холандија, Ард ван дер Стеур, денеска претходно рече дека министрите на ЕУ ќе се сретнат на барање на Белгија за да разговараат за терористичките напади во Брисел.

Одговорноста за бомбашките напади на аеродромот и метро-станицата во Брисел, во кои загинаа 32 лица, а повредени се 270, ја презеде терористичката организација Исламска држава.

Истрагата е во тек, а полицијата трага по еден од осомничените, кој успеал да побегне од аеродромот. Во меѓувреме, полицијата наводно осомничила уште едно лице, кое е снимено со надзорните камери во станицата Малбек во придружба на бомбашот самоубиец Халид ел Бакрау. Полицијата не сака ниту да ги потврди, ниту да ги демантира информациите.