Хроника Сосед убил 64-годишна велешанка откако ја скршил влезната врата

Сосед убил 64-годишна велешанка откако ја скршил влезната врата

Велешанец свирепо убил своја 64-годишна сосетка денеска напладне во нејзиниот дом, откако првин ја скршил влезната врата, соопшти Јавното обвинителство.

Убиецот најпрвин се заканувал на велешанката и на нејзините син и снаа, а потоа тргнал кон нив носејќи нож и земјоделска алатка. Кога тројцата го виделе тоа, влегле дома и се заклучиле, но убиецот ја искршил влезната врата и веднаш ја нападнал 64-годишната жена, нанесувајќи ѝ тешки повреди. Ги повредил и нејзините син и снаа, кои се обидувале да ѝ помогнат.

Жената била однесена во Општата болница во Велес, откаде поради сериозните повреди е однесена во Ургентниот центар во Скопје, но, за жал, починала.

Вршејќи увид, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес наредил прибирање на сите траги од местото на убиството, како и понатамошно вештачење на оружјето со кое е извршено кривичното дело, а издал и наредба за обдукција на телото на починатата.