Свет Балкан Сопственикот на српски „Курир“ поднел кривична пријава против Борис Тадиќ

Сопственикот на српски „Курир“ поднел кривична пријава против Борис Тадиќ

Радисав Родиќ, сопственик на српскиот весник „Курир“, денеска соопшти дека поднел кривична пријава против поранешниот претседател на Србија и на Демократската партија, Борис Тадиќ, и против уште други 22 лица, бидејќи, како што тврди, сакале да му го одземат весникот со помош на „апсења и уцени“.

Родиќ соопшти дека кривичната пријава до обвинителството ја поднел за организиран криминал и оти очекува дека надлежните брзо ќе реагираат, пишуваат медиумите.