Македонија Сопственикот на „Фиком“ најден обесен во штипскиот затвор

Сопственикот на „Фиком“ најден обесен во штипскиот затвор

Никола Николиќ, сопственикот на „Фиком“, кој беше осуден на затворска казна поради измами и малверзации со продажба на станови, утрово бил најден обесен во штипскиот затвор, јавува „Плусинфо“, повикувајќи се на извори од затворот.

Од затворот за „Плусинфо“ ја потврдиле информацијата, но не можеле да соопштат повеќе детали за случајот.

Николиќ беше осуден во позната афера „Фиком“, поради продавање исти станови на повеќе лица во зграда во населбата Кисела Вода.